НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

001На 07.08.2022 година претседателот на Мобилност Велес, Миланчо Арсовски, во Кампингот Љубаниште во Охрид го отвори Летниот инклузивен камп за деца со и без попреченост во организација на Мобилност Велес.
Кампот е дел дванаесетмесечните активности во рамките на проектот „Заедно сме подобри“, кој Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет на Велес, Градско и Чашка - Мобилност Велес, го спроведува со поддршка на општина Велес, а во рамките на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 - ReLOaD 2, финансиран од Европската Унија.
Во рамките на проектот, поставена е првата рампа за влез во водите на Охридското Езеро за лица со инвалидска количка, соодветен тоалет, и адаптирани се неколку бунгалови со пространи купатила и соби за престој на лица кои се движат со инвалидска количка.
Повеќе...
LogoНа 28-29.06.2022 година, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, се одржа Национална работилница за подготовка на „Национална стратегија за правата на лицата со попреченост. Мобилност Македонија на ова работилница ја претставуваше претседателот, Бранимир Јовановски.
Работилницата има за цел врз основа на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, да ја подготви новата „Националната стратегија за правата на лицата со попреченост“ со краткорочни, среднорочни и долгорочни активности со фокус на конкретни мерки за поддршка на лицата со попреченост.
Во овој процес за изработка на стратегијата се вклучени: Министерството за труд и социјална политика како носител на „Националната стратегија за правата на лицата со попреченост“, Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, како иницијатор на процесот на изработка на стратегијата, Националните инвалидски организации, меѓу кои и Мобилност Македонија, други организации на лицата со попреченост и родителските организации, Народниот правобранител, Здружението на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС), трите најголеми стопански комори и други социјални претпријатија познати како модел за работна интеграција, како и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).
Цели на работилницата беа:
Повеќе...
009Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, на 25 јуни 2022 година ја реализира програмската активност „Музички средби на лица со телесен инвалидитет“, годинава 27-ми по ред.
За разлика од традицијата домаќин на ова средба да биде градот Струмица, годинава за прв пат домаќин на овие средби беше Здружението на лица со телесен инвалидитет на Радовиш - Мобилност Радовиш.
Музичките средби, кои и оваа година беа од ревијален карактер, се одржаа во центарот на Радовиш, на плоштадот „Свети Спасо Радовишки“, со техничка поддршка од Домот на културата, „Ацо Караманов“ од Радовиш.
На настанот учествуваа 10 талентирани лица со телесен инвалидитет, членови на Мобилност Македонија од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Струмица, Штип и Радовиш, а во придружба на музичарите од оркестарот на Мобилност Македонија, „Феникс“.
Повеќе...
001На 25-26.06.2022 година, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, и во соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, во „конгресен Центар“ во Охрид, се одржа 34-то Државно првенство во ѓах за лица со телесен инвалидитет на Македонија, на кое настапија 23 шахисти.
Се играа 7 кола Швајцарски систем, со темпо по играч од 30 минути.
Повеќе...