На 13 и 14 Декември 2021 година во Загреб, Хрватска, во организација на Советот на инвалидски организации на Хрватска, а под покровителство на Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, и на градоначалникот на градот Загреб, Томислав Томашевиќ, се одржува 26. Хрватски симпозиум за лица со инвалидност со меѓународно учество на кој, меѓу 126 учесници е и Мобилност Македонија, претставувана од претседателот, Бранимир Јовановски.
Темите се актуелни не само за Република Хрватска, туку и за целиот регион, некои решенија се слични во државите во опкружувањето, некои видно се разликуваат, ние како сојуз сме подготвени да ги споделиме нашите искуства и законски решенија по точките од дневниот ред.
Претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар на сојузот, Софка Прчева, на 03.12.2021 година во хотелот Александар Палас во Скопје, присуствуваа на свечена седница организирана од правобранителот на Република Северна Македонија, Насер Зибери, по повод одбележување на 3ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, а воедно и 10 годишнина од ратификацијата на Конвенцијата на ООН за права на лицата со попреченост, како и потпишување на Меморандум за соработка на Народниот правобранител со граѓанските организации кои се дел од Националниот механизам за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата на лицата со попреченост (КПЛП).
И годинава, на 03.12.2021 година, во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија, Националниот совет на инвалидски организации на Македонија со своите седум здружени национални инвалидски организации: Национален сојуз на слепите на Република Северна Македонија, Национален сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија, Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост–Порака, Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија, Национален сојуз на инвалиди на трудот на Република Македонија, во соработка со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност, го одбележа 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност/попреченост.
На 02.12.2021 година, по повод одбележувањето на 3. Декември - Меѓународен ден на лицата со инвалидност, Претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. Стево Пендаровски беше во работна посета во ДХО „Даре Џамбаз“ каде се состана со претседателите и претставниците на Националните инвалидски организации, членки на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ).
На 15.11.2021 година, со почеток во 11 часот, 8. Центар за знаења за социјален развој од областа на подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост, организираше меѓународна онлајн панел-дискусија на тема: „Адекватно домување за лицата со попреченост во Република Хрватска и регионот - примери на добри и лоши практики“ како дел од кампањата која беше иницирана со цел да се донесе соодветна законска рамка за социјални станови во Република Хрватска.