Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, ги повикува своите членови и лицата со телесен инвалидитет кои имаат потреба од следните додатоци на ортопедски помагала, да се пријават на отворениот повик:
Право да поднесат барање имаат членовите на Мобилност Македонија и други лица со телесен инвалидитет од 18-65 годишна возраст, кои ги исполнуваат медицинските индикации согласно Правилникот за индикациите за оставрување на право на ортопедски и други помагала, а неможат да го остварат правото преку ФЗОРСМ.
Лица кои претходно од сојузот добиле некое од наведените помагала, немаат право на пријавување.
Кон барањето треба да се достави дополнителна документација со која ќе се докаже исполнувањето на критериумите од членот 5 и 6 од Правилникот за распределба на инвалидски колички на електромоторен погон и други ортопедски додатоци на Мобилност Македонија и тоа:
Повеќе...
Од 21-24.09.2021 година во Врнјачка Бања, во организација на Сојузот на параплегичари и квадриплегичари на Србија (СПИКС) беа одржани 29 Републички спортски игри на кои учествуваа и тројца натпреварувачи од Мобилност Македонија.
Tимот за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) при Одделот за заштита на правата на децата и лица со попреченост кај Народниот правобранител а во координација со сите граѓански организации кои се дел од независниот мониторинг механизам (НММ) го реиницира проблемот со пописните прашања кои се однесуваат на лицата со попреченост, и на 13.08.2021 повторно се обрати до директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) со Препорака итно да се направи корекција, промена, односно подобрување на содржината на Прашалниците кои ќе се користат при реализирање на претстојниот попис, пришто сериозно ќе бидат земени предвид мислењата, забелешките и сугестиите дадени од организациите кои се дел од механизмот за мониторинг, а чии автентични ставови и реакции беа нотирани во дадената Препорака. Од страна на ДЗС на ден 23.08.2021 ни беше доставен одговор во кој е наведено дека: „Пописот претставува најмасовна статистичка акција преку која се прибираат голем број на податоци за единиците кои се предмет на попишување. Во таа смисла, не постои можност да се приберат сите барани податоци од различни категории субјекти, бидејќи на тој начин значително ќе биде оптоварена самата статистичка пописна акција...со Пописот се планира да бидат прибрани сет на податоци кои се однесуваат на наведената категорија на лица, преку што ќе може да се креираат бази на податоци во кои понатаму, преку конкретизирање на соодветно статистичко истражување, ќе може да се приберат поголем сет на податоци со потребен квалитет на наведените категории лица.“
На 22 и 23 јули 2021 година, во хотел „Конгресен центар“ - Охрид се одржа 33-тото Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет, во организација на Мобилност Македонија и Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, а со поддршка на Министерството за труд и социјална политика.
Поради пандемијата од ковид-19, и оваа година бројот на учесници беше намален. На првенството учествуваа 15 шахисти кои играа по викенд правила на ФИДЕ во 5 кола. Судии на првенството беа Тони Пајдаков и Драган Дојчиноски.
Првенството се одржа согласно препораките на Комисијата за заштита од заразни болести.
Во спортска и фер атмосфера, на првенството беа постигнати следните резултати:
Повеќе...