НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

001На 23-24.10.2021 годинаа, во големата сала на хотелот „Цар Самуил“ во с.Банско, Струмица, со почитување на мерките за заштита од ширење на инфекција од Ковид-19, се одржа дваесет и седмото издание на Републичкиот Квиз натпревар за лица со телесен инвалидитет на Македонија, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија. И годинава прашањата за натпреварот ги подготви познатиот квизаџија и уредник на ТВ Сител, Зоран Јорданов, техничка и компјутерска подготовка Тони Пајдаков, кој воедно беше и член на трочлената жири комисија заедно со Софка Прчева и Драган Дојчиноски. Водител на манифестацијата и овој пат беше Бранимир Јовановски.
На натпреварот учествуваа 14 екипи од здружените членки на Мобилност Македонија кои своето учество го обезбедија преку тест натпреварите кои беа организирани на 28.09.2021 година. Согласно пропозициите, беа одржани 4 четвртфинални квизови, 2 полуфинални и еден финален квиз после кој беа одлучени добитниците на плакетите за прво, второ и трето место. Првопласираните 2 екипи од четвртфиналните квизови се пласираа во полуфиналето, додека првопласираните 2 екипи од полуфиналните квизови се пласираа во големото финале.
Повеќе...
001Во рамки на Министерството за труд и социјална политика се спроведува проект со Светска банка за системот на социјално осигурување, во чии рамки е и активноста за воспоставување на централно координативно тело за проценка на инвалидност.
Во врска со оваа активност ангажирани се консултанти кои одржуваат состаноци со сите инволвирани чинители во системот за проценка на инвалидност.
На 07.10.2021 година се одржа состанок на експертите со претставници на националните инвалидски организации.
Од страна на МТСП присуствуваа: Проф. Д-р Светлана Трбојевиќ - експерт по социјална политика, Лорита Андреева - експерт по специјална рехабилитација и едукација, Гоце Јанкоски - локален координатор, Горан Анчевски - експерт по финансии и Миодраг Марковиќ - експерт по информатика.
Повеќе...
pravobranitelВе известуваме дека поради претстојните локални избори, во канцеларијата на Народниот правобранител, отворена е бесплатната телефонска линија 0800 54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Сите непрaвилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денoвите кога ќе се одржува гласањето, во двата изборни кругови, со оглед дека Народниот правобранител во Скопје и Подрачните канцеларии во Битола, Куманово, Кичево, Тетово, Сттрумица и Штип ќе работат и на денот на гласањето.
Телефонската линија функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот, а по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака.
Ве замолувам оваа информација да ја споделите со членовите на Вашите организации/здруженија односно истоите да бидат информирани за можноста за пријават евентуални проблеми/нерегуларности при реализирање на гласачкото право од страна на лица со попреченост.
Во случај да имате такви сознанија можете да се јавите на бесплатната телефонска линија 0800 54321, или на бројот 02/3129335 лок.570 кај советниците од тимот за мониторинг при Народниот правобранител.
Повеќе...
019На 10.10.2021 година во салата „Јасмин“ во Кавадарци се одржа натпревар во пинг понг во рамките на 33. Републички спортски игри, а во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија и во соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, финансиски помогнати од средствата за активност преку Министерството за труд и социјална политика.
Во исклучително спортска и фер атмосфера, со почитување на мерките и препораките за спречување на ширење на корона вирусот, се постигнаа следните резултати:
Повеќе...
001На 06.10.2021 година, во ДХО „Даре Џамбаз“ се одржа одбележување на 6.Октомври-Светскиот ден на церебралната парализа.
Поред претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, за настанот и потребите на лицата со церебрална парализа, како и за она што институциите на државата направиле за ова популација, говореа и: Горан Стојчевски, претставник на лицата со церебрална парализа од Мобилност Скопје, Милован Живковиќ - советник на премиерот за социјални прашања, Спасе Додевски - претседавач на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност, Владимир Лазовски - претставник на Министерството за труд и социјална политика, Душан Томшиќ - претставник на Министерството за образование и наука, д-р Весна Костиќ-Ивановиќ - Државен советник за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лица со попреченост при Народен правобранител, и Даниела Стојановска Џинговска - претседател на Комисијата за ортопедски помагала при ФЗОМ.
Претседателот Јовановски во своето излагање истакна:
Повеќе...