Со одлука на градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, на ден 29.01.2018 година во салата за состаноци на општината беше формиран Локален грагански совет од 17 члена, кој ќе работи како помошно тело на градоначалникот во работата и развојот на општината.
Мобилност Велес партицишира во телото со двајца свои преставници, Горан Здравков и Миланчо Арсовски.
Помошно тело составено од 17 претставници на граѓански здруженија и новинар ќе имаат можност да му помагаат, предлагаат иницијативи и да бараат решенија заедно со Градоначалникот Аце Коцевски преку кои ќе се подобрува квалитетот на живот во локалната заедница. Телото, кое денеска беше формирано, ќе се состанува по потреба.
ЕВН Македонија донираше возило наменето за задоволување на потребите на лицата со телесен инвалидитет, членови на здружението „Мобилност Тетово и Гостивар“. Возилото кое носи порака „Со љубов за полесно движење”, ќе се користи за превоз на лицата со телесен инвалидитет при лекарски прегледи, настава и други социјални активности.
„Веќе три години живеам во Република Македонија и сметам дека е прекрасна земја, но сепак би рекол дека нема многу добри услови за лицата со посебни потреби. За тоа не смееме да впериме прст само во државата и во локалната самоуправа, некогаш треба и граѓанското општество и компаниите да направиме нешто за подобрување на тие услови“ рече г-дин Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
„Како одговорна компанија сме горди што со овој чин и преку соработката со граѓански здруженија и организации придонесуваме за подобрување на условите за лицата со посебни потреби” додаде г-дин Петер на примопредавањето на донацијата.
На настанот присуствуваше и Градоначалничката на општина Тетово, г-ѓа Теута Арифи, која изрази благодарност за донацијата.
Повеќе: ЕВН Македонија донираше возило за здружението „Мобилност Тетово и Гостивар”
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ отвори посебна телефонска линија за пријавување на несовесно паркирани автомобили односно автомобили паркирани на места означени за лица со посебни потреби.
Од денеска граѓаните ќе можат да ги пријават непрописно паркираните автомобили на места означени за лица со попреченост на директниот телефонски број: 077 410 002. По добивање на повикот, пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш, а на местата каде што нема пристапност ќе се поставуваат блокатори.
„Ги повикуваме сите граѓани доколку забележат автомобил паркиран на место означено за лица со посебни потреби да алармираат на 077 410 002 кај нашите служби. Само со еден телефонски повик ќе им помогнеме на лицата со инвалидитет непречено и нормално функционирање во градот и ќе влијаеме на свеста на возачите да паркираат совесно" - изјави В.Д. директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Vangel Andreski.
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
усвоен во Собранието на РМ на 09.11.2017 година, а објавен во Службен весник бр.163 од 14.11.2017 година
Повеќето од мерките за кои се залагаше Мобилност Македонија во последните години за укинување на одредбите за врзување на правото за одредени надоместоци со годишните нето примања на корисникот беа донесени како измени и дополнувања на Законот за социјална заштита на 09.11.2017 година, меѓу кои:
Повеќе: ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА